Вадим Немков се враќа за да ги одмери силите со Анте Делија.
Тие ќе се борат во тешка категорија на ПФЛ. Нивната средба ќе биде дел од картата на настанот ПФЛ: Роуд ту Дубаи – шампионски серии, кој ќе се одржи на крајот на јануари 2025 година во Дубаи.
Немков има скор од 17-2 (1) во ММА и е во серија од 12 победи. Тој е поранешен шампион на Белатор во полутешка категорија. Вадим се врати во тешка категорија на почетокот на годината и го победи со завршница Бруно Капелоса. Заврши 13 од своите натпревари и само 1 пораз пред крајот. Немков нема пораз од 2016 година.
Делија има скор 24-6 во ММА. Во последната борба во април годинава загуби од Валентин Молдавски. Неговиот пораз ја прекина серијата од 5 победи. Анте завршува 17 од своите борби, а 5 пати губи со завршница. Тој е поранешен шампион на ПФЛ и го освои турнирот во тешка категорија во 2022 година.
View this post on Instagram