Џамахал Хил не ги бира зборовите кога зборува за неговиот ривал во полутешка категорија Магомед Анкалаев.
Хил (12-2 ММА, 6-2 УФЦ) не влегол во октагонот од поразот со нокаут од Алекс Переира на УФЦ 300 во април. По кратка пауза, тој се враќа на УФЦ 311, кој ќе се одржи на 18 јануари во Инјуит доме во Инглвуд, Калифорнија, за да се бори со Јиржи Прохаска (30-5-1 ММА, 4-2 УФЦ).
Иако на „Свит дримс“ не би му пречело да добиет реванш против Переира, тоа не значи дека не би сакал да го победи Анкалаев доколку се соочат. Всушност, Хил не крие дека сака да се соочи со Анкалаев (19-1-1 ММА, 10-1-1 УФЦ) и да го нокаутира.
„Сакам да го нокаутирам Махомед затоа што за мене тој е само задник“, изјави Хил за Инсајд фајтинг. „Ззборува како таков, се однесува како ткаов. Искрено, не можам да издржам. Заеби го. Не би сакал ништо повеќе освен да го заспијам. Никогаш не сум разговарал со овој човек, но доаѓа и се обидува да ме испровоцира затоа што е патетичен. Гледа дека на навивачите им се допаѓам и се обидува да го јавне тој бран“.
Со неговата претстојна борба против Прохаска, Хил има шанса да ја врати позицијата во категоријата и да ги поттикне идните пресметки со борци како Анкалаев.