Бронза за Христијан Симоновски на „Босна опен Г1“, секунди го делеа од финалето

Христијан Симоновски од ТК Младост и репрезентативец на Македонска таеквондо федерација вчера освои бронзен медал на еден од најсилните меѓународни турнири во Европа „Босна опен Г1“.

Бронзениот медал му носи нови бодови за европската и олимписката ранг-листа на Симоновски.

„Во првата борба тој убедливо 2-0 во рунди го совлада Јосип Беванда од Босна и Херцеговина, потоа се сретна со искусниот Роузмонд Нолхан од Франција, кој исто така успеа да го совлада 2-0, со што се пласирае во полуфиналето. Христијан после тешка борба која траеше 3 рунди загуби во последните секунди од Ел Јасин од Белгија, што резултираше со бронзен медал“, вели тренерот Стефан Миленковски и додава:

„Христијан е дел од новите олимписки надежи на Македонија за Олимписките игри во Лос Ангелес 2028“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО