Френсис Нгану до Џон Џонс: Те гледам!

Френсис Нгану реагира на победата на Џон Џонс над поранешниот ривал Стипе Миочиќ на УФЦ 309. Нгану очигледно не ја исклучува можноста во иднина да се соочи со „Боунс“.

Изминатиов викенд Џонс успеа да го нокаутира Миочиќ и за првпат да ја одбрани титулата во тешка категорија. Џонс сега би сакал да се бори со Алекс Переира, шампионот во полутешка категорија. Тоа е категоријата каде што некогаш владееше „Коски“. Шампионот на ПФЛ во кралската категорија Френсис Нгану е импресиониран од она што го покажа во кафезот Џонс.

Уште пред Френсис да го напушти УФЦ, многу се зборуваше за потенцијална пресметка меѓу нив. На крајот тоа не се оствари, а Предаторот реши да дебитира во боксерскиот ринг и потпиша договор со ПФЛ. Сега, нивната борба изгледа невозможна, но Френсис внимателно го следи својот колега.

„Џонс изгледаше одлично. Честитки. Те гледам“!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО