Македонските натпреварувачи во џиу џицу покажаа апсолутна доминицаија на Меѓународниот турнир „Русе опен“ во Бугарија освојувајќи шест злата, односно тројцата репрезентативци се закитија со по две злата.
Златните медали ги освоија Марија Треневска (У-16 +63 кг, У-18 -70 кг), Антонио Стојчески (У-18 -69 кг, У-21 -69 кг) и Зоран Колевски (У-18 -62 кг, У-21 -62 кг).
Во поголемата категорија, тешки борби, погледнете го пиедесталот, децата се бореа со далеку повозрасни и постари борци. Точни и прецизни како никогаш досега. Овие наши репрезентативци не направија горди. Во некој моменти ниту судиите не можеа да не спречат до златото. Апсолутна доминација“, велат од Македонската џиу џицу федерација.