Стипе Миочиќ се појави потежок од кога било, Џонс реши значително да ја намали тежината во однос на УФЦ 285! (ВИДЕО)

Борбата меѓу шампионот во тешка категорија Џон Џонс и Стипе Миочиќ е водечка на настанот УФЦ 309, кој ќе се одржи во сабота во њујоршкиот Медисон сквер гарден.

Американскиот борец со хрватски корени и најголемиот УФЦ тешкаш во историјата повторно ќе се обиде да ја освои светската титула.

Стипе се враќа на борбите по пауза од повеќе од три и пол години. Неговиот последен меч беше во март 2021 година, кога загуби со нокаут во втората рунда од Френсис Нгану.

Борците ги одмерија силите пред утрешниот дуел. Миочиќ беше одлично расположен, а вагата покажа 112,8 килограми. На мерењето Џон Џонс тежеше од 108,8 килограми.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО