Мајк Тајсон му удри шлаканица на Џејк Пол во последното соочување! Јутјуберот сега знае со кого си има работа! (ВИДЕО)

Мајк Тајсон и Џејк Пол вчера во текот на денот ги имаа официјалното мерење. 58-годишниот „Железен“ Мајк воодушеви многумина со својата форма, која е повеќе од импресивна за личност на негова возраст. Колку всушност биле тешки боксерите не дознавме веднаш, бидејќи го чекавме церемонијалното мерење на кое се откри се. Вагата покажа на Тајсон 228,4 „фунти“ (103,6 килограми), додека Џејк Пол е нешто полесен со своите 102,97 килограми (227 „lbs“).

Секој знае што носи свеченото мерење и што е всушност највозбудливиот дел од таа церемонија. Последната пресметка меѓу борците, само еден ден пред борбата, често носи дополнителни тензии. Тензијата меѓу борците се зголемува бидејќи борбата не може да биде поблиска, а понекогаш борците иницираат тензии за да привлечат уште поголем интерес кај публиката.

Сепак, не можеме да кажеме дека Мајк Тајсон лажирал нешто во овој случај. Едноставно, тој беше „Железниот“ Мајк на кој бевме навикнати во текот на неговата кариера и така Џејк Пол го доби првиот удар веќе во пресметката. Мајк многу силно му удри шлаканица на Пол со десната рака и обезбедувањето брзо интервенираше за да го одвои Мајк од Џејк.

„Дали е ова мојот момент на Крис Рок“, напиша Пол на Инстаграм, алудирајќи на шлаканицата на Вил Смит на Крис Рок во 2022 година на доделувањето на Оскарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jake Paul (@jakepaul)

Во секој случај, Џејк Пол сега точно знае со кого си има работа. Во една од најавите на овој меч Мајк Тајсон рече дека Џејк Пол е „вештачки создаден убиец“, додека самиот себе си се нарече „роден убиец“. Тоа е најдобриот опис што може да го даде. Тајсон е борец уште од детството и целиот негов живот е една голема борба. Џејк Пол, пак, се впуштил во боксот од забава, без да има потреба да се занимава со тоа за живот. Сепак, разликата во годините е сепак драстична и Тајсон во оваа борба влегува како аутсајдер.

Ќе дознаеме во сабота, во раните утрински часови (околу 05:00 часот) дали Мајк може да воодушеви како досега или пак победата ќе му припадне на Пол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО