Џонс одби да се ракува со Миочиќ на соочувањето: Да, ова е лично!

Се одржа медиумска конференција за настанот УФЦ 309 кој ќе се одржи во њујоршкиот Медисон сквер гарден. Главната борба ќе биде т.н „меч за наследството“, борба за титулата шампион во тешка категорија на УФЦ меѓу еден од најголемите борци на сите времиња, Џон Џонс и најуспешниот тешкаш во историјата на УФЦ, Стипе Миочиќ. Комасловната борба на вечерта е реванш меѓу поранешниот шампион во лесна категорија Чарлс Оливеира и Мајкл Чендлер.

Миочиќ седна на масата со пожарникарски шлем што го доби на подарок од Њујоршката противпожарна служба. Конференцијата беше отворена со прашање за Џонс, кој рече дека ја разбира оваа борба на лично ниво.

„Ги почитувам сите служби за итни случаи и сакав да имам почит кон Стипе, но тој даде коментар за моето семејство и тогаш целата почит излезе низ прозорецот. Да, ова е лично“, рече Џонс.

„Не се сеќавам дека го кажав тоа, но не беше насочено кон него (Џонс). Тој рече дека ќе ме истепа пред полна арена, а јас му реков: „Ајде кучко“. Доволно беше да се бранам поради тоа, се извинив и толку“, ноншалантно одговори Миочиќ. Мислам дека секоја борба е лична“.

„Додека ова момче (Џонс) е активен, за мене тој е најдобриот П4П борец во светот и најдобар на сите времиња“, изјави претседателот на УФЦ, Дана Вајт.

На прашањето што мисли за тоа што беше голем аутсајдер против Фабрицио Вердум, Жуниор дош Сантос, Френсис Нгану, Даниел Кормиер, а сега најголемиот аутсајдер досега против Џонс, Миочиќ ладно одговори:

„Навикнат сум на тоа, не ми е гајле за коефициентите. Вегас ме мрази, може така и да остане.

„Победив многу неверојатни спортисти, Стипе е неверојатен спортист. Иако не ми се допаѓа во моментов, но не е важно дали ми се допаѓа или не затоа што ова е борба, иако не го сакам моментално, на крајот од денот само имам почит за него“, рече Џонс.

Имаше и соочување при кое Џонс одби да се ракува со Миочиќ. Како изгледаше сето тоа погледнете во видеото подолу. Соочувањетои започнува во 35:53 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО