Теодор Стојановски освои сребрен медал на Европското таеквондо првенство за кадети

Теодор Стојановски (-49 кг) денеска направи голема сензација на Европското првенство за кадети во олимписко таеквондо во Тирана, Албанија, освојуваќи го сребрениот медал.

Теодор, член на ТК Бутел, имаше три доминантни победи Хараламбос Хаџимаврос (Кипар), Јарослав Вечирко од Украина и Шон Џита од Велика Британија, победувајќи ги со 2-0 во рунди, а во финалето беше поразен од Нора Бранж од Франција со 0-2.

„Овој релевантен, историски младински успех за македонскиот спорт, е права реткост за домашниот спорт. Сребро на официјално европско првенство во олимписки спорт е вистинска насока дека македонското таеквондо го заджува приматот на водечки и најтрофеен домашен спорт.

Не чека многу работа, кога се во прашање врвните олимписки спортски патувања, патот е пеколен, конкуренцијата исклучително најголема, затоа само тие успеси остануваат вечно во историјата“, велат од Македонската таеквондо федерација и нагласуваат:

„Еднаш ја кренавме нацијата на нозе, живееме за мигот повторно да се случи тоа“.

Резултати – Европско првенство за кадети:

Теодор Стојановски – Хараламбос Хаџимаврос (Кипар) 2-0 во рунди
Теодор Стојановски – Јарослав Вечирко (Украина) 2-0
Полуфинале
Теодор Стојановски – Шон Џита (Британија) 2-0
Финале
Теодор Стојановски – Нора Бранж (Франција) 0-2 .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО