Бобан Илиоски со победата над Јаман обезбеди најмалку бронза на Европското кик бокс првенство

Бобан Илиоски го совлада Хрватот на Петар Јаман на Европското кик бокс првенство за сениори во Атина, Грција.

Со оваа победа Илиоски обезбеди полуфинале и бронзен медал. За влез во финалето ќе се бори Филис Христос од Грција.

„Боби се бореше смирено, тактички чувајки за другите борби без да се  излозува на ризик“, вели селекторот Дејан Митровски – Урко.

Леа Бошевска загуби од Нил Бејза Гохан од Лихтеншатјн, а вчера Андреа Костовска загуби од Меган Охаре од Велика Британија.

Денес ќе настапат уште Мите Ашкилов и Стефан Михајловски, а со победа обезбедуваат бронза.

На ЕП настапуваат 982 кикбоксери со 1133 натпреварувачки влезови од 41 држава.

Резултати – Европско првенство кик бокс:

Кик лајт
-50 кг Леа Бошевска – Нил Бејза Гохан (Лихтенштајн) 0-3 ¼ финале
-55 кг Андреа Костовска – Меган Охаре (Велика Британија) 0-3 1/8 финале
-94 кг Мите Ашкилов – Марко Симпрага (Србија) ¼ финале
+94 кг Стефан Михајловски – Стефан Тикс (Германија) ¼ финале

Лоу кик
-86 кг
Бобан Илиоски – Петар Јаман (Хрватска) 3-0 ¼ финале
Полуфинале
Бобан Илиоски – Филис Христос (Грција)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО