Дана Вајт го објави мечот Дрикус Ду Плесис – Шон Стрикленд 2

Претседателот на УФЦ Дaна Вајт, објави дека шампионот на организацијата во средна категорија Дрикус Ду Плесис ќе има реванш со Шон Стрикленд.

Тие се соочија на почетокот на 2024 година. Тогаш, по пет рунди Ду Плесис победи со едногласна одлука, која многумина не ја прифатија.

https://twitter.com/mma_orbit/status/1843841411231428938

Вајт изјави за медиумите дека Стрикленд ќе се соочи со Ду Плесис во следната одбрана на Јужноафриканецот, но не потврди кога и каде ќе се случи тоа. Вајт изрази желба да биде домаќин на настанот во родната земја на шампионот, Јужна Африка, но рече дека има голем број пречки за тоа да се случи.

„Знаете дека навистина сакам да има гала во Јужна Африка. Се обидувам да го направам тоа, но тешко е со арените. Ќе треба да направиме настан надвор, а тоа не ми се допаѓа. Сè може да влијае на настанот – ветер, дожд, инсекти, влажност“, изјави Вајт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО