Стефан Стојановиќ ќе се бори бронза на Светското првенство, финалето му избега за влакно

Стефан Стојановиќ ќе се бори за бронзениот медал на Светското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Венеција, Италија, во категоријата над 84 килограми во У-21.

Вистинска штета е што Стојановиќ не се бори во финалето, иако не е поразен во полуфиналето од Италијанецот Матео Аванзини, борбата заврши 3-3, но поради правилото „прв освоен поен“, понатаму оди италијанскиот каратист.

Стојановиќ до полуфиналето нанижа три победи против каратисти од Казахстан, неутрален и Канада. За бронзениот медал ќе ги одмери силите со Николаи Секот од Германија.

Добра настап имаше и Данило Божовиќ (-84 кг) со две победи во групата и една во репасажот беше на чекор на борба за бронзата. Во клучната борба загуби минимално во возбудлив меч со Јапонецот Јосуке Абе 7-8. Има за што да жали, но покажува дека неговата форма констатно одо во нагорна линија. Божовиќ го освои седмото место на СП.

Матеј Белистојаноски (-67 кг) забележа две победи.

На СП учествуваат 1990 спортисти со 1936 натпреварувачки влезови од 113 држави.

Резултати – Светско првенство за кадети, јуниори и У-21:

Јуниори

Жени
-48 кг Мартина Петреска – Мисузу Тамаки (Канада)
-53 кг Илијана Серафимова – Маша Селениќ (Србија)
-59 кг Драгана Ефтимовска – Хамид Лина (Алжир)
-66 кг Дурата Мемети – Елиса Катанео (Италија)

Мажи
-55 кг Цветан Маргаритов – Киријакос Крисостому (Кипар)
-61 кг Андреј Стојчевски – Малиус Калеструп (Данска)
-68 кг Хасан Чорески – Ашот Хачатурјан (Ерменија)
-76 кг Адријан Симоновски – Варгас Алан Џерардо Вилафана(Мексико)
+76 кг Филип Стојанов – Артем Алексиенко (Украина)

Ката
Данка Стојкова – Хулиета Алварез (Шпанија)
Нуредин Дервиши – Жаокусан Ли (Кина)

Кадети
Ката
Блерина Зендели – Каролина Кискова (Словачка)
Борјан Димовски – Адам Чудури (Бангладеш)

Жени
-47 кг Блина Горенца – Јоана Касулиди (Кипар)
-54 кг Душица Бреслиева – Јау Ло Цз (Хонк Конг)
-61 кг Анастасија Смилевска – Валерија Кристофилаку (Грција)
+61 кг Јана Тануровска – Есма Реџиќ (Швајцарија)

Мажи
-52 кг Дамјан Митревски – Анастиос Филијакгос (Грција)
-57 кг Јован Враклевски – Рашед Алсереиди (ОАЕ)
-63 кг Дарин Куртановиќ – Хуберт Гржибек (Полска)
-70 кг Марко Филиповски – Арциом Дарафејук (неутрален)/Гор Аракелјан (Ерменија)
+70 кг Даријан Николовски – Аветис Жевондјан (Ерменија)

Кадети-јуниори ката екипно мажи
(Михајловиќ, Пенџерковски, Смилевски)

Македонија – Египет 0-38,40

У-21
Поединечно
Јована Манчевска – Дамла Су Туремен (Турција) 33,20-36,60
Марко Поптодоров – Јердос Кежанлиев (Казахстан) 35,90-37,00

Жени
-50 кг
Михаела Мишовска – Клое Берузард (Франција) 0-8

-55 кг
Ива Пецевска – Дарија Пилипијук (Укарина) 0-8

-61 кг
Јована Мицовска – Оксана Наконечна (Азербејџан) 5-2
Јована Мицовска – Наталија Фарија (Бразил) 0-3

-68  кг
Ера Коџа – Лин Кнудсен Зачо (Данска) 0-4

+68 кг
Ердона Зибери – Ханах Стубсјоен (Норвешка) 2-5

Мажи
-60 кг
Бесрат Мемети – Томас Тешеира (Луксембург) 8-0
Бесрат Мемети – Ерик Тимер (Швајцарија) 0-7

-67 кг
Матеј Белистојаноски – Симон Ковач (Словачка) 4-0
Матеј Белистојаноски – Дајанч Келетлијев (Туркменистан) 7-1
Матеј Белистојаноски – Хамза Џабер-Раиз (Белгија) 2-3

-75 кг
Љупче Михајлов – Дантес Спита (Романија) 7-0
Љупче Михајлов – Назим Нурланов (Киргистан) 0-3

-84 кг
Данило Божовиќ – Михал Флорчак (Полска) 3-1
Данило Божовиќ – Себастијан Бецера (Боливија) 2-0
Данило Божовиќ – Омар Осман (Египет) 0-5
Репасаж
Данило Божовиќ –Луи-Феликс Дешамп (Канада) 8-0
Данило Божовиќ – Јосуке Абе (Јапонија) 7-8

+84
Стефан Стојановиќ – Алишер Таижан (Казахстан) 1-0
Стефан Стојановиќ –Константин Ковуров (неутреален) 2-1
Стефан Стојановиќ – Етан Смол (Канада) 4-1
Стефан Стојановиќ – Матео Аванзини (Италија) 3-3
За бронза
Стефан Стојановиќ –  Николаи Секот (Германија)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО