Виктор Димовски го освои Германското првенство во мај тај, на СП трет, повредата го спречи да стане шампион

На Интернационалното и Германско првенство на 21 септември оваа година во Леверкузен, Германија, Виктор Димовски – Тампес во мај тај го освои шампионскиот појас во категоријата до 60 килограми и обезбеди пласман на Светското првенство на ВФМЦ кое се одржа на 05 октомври во Руселхајм.

Димовски наместо пет борби имаше три кои ги доби со нокаут, преостанатите две борби од страв противниците ги предадоа.

И покрај повредата заработена на турнирот 21 септември, Виктор учествува на Светското првенство, притоа го прифаќа предизвикот да се бори со постар и потежок противник.

„За жал, поради повредата не успеа да го освои првото место, но го освои третото место. На Светското првенство имаа право на учество само најдобрите спортисти и прваци во нивните категории во нивните држави“, велат од таборот на Димовски.

На ова СП учествувавле натпреварувачи од над 30 држави.

„Желбата за победа и љубовта кон боречките вештини беа посилни од губењето надеж за учество на такво првенство, каде што е чест, привилегија и задоволство да се учествува и да се одмерат силите со најдобрите борци во светот“, истакнуваат од таборот на Димовски и нагласуваат:

„Виктор-Тампес секогаш се бори со македонското знаме и му е чест што го има на секој турнир со него, бидејќи сонцето му го осветлува патот‘.

Планот на Виктор-Тампес е наредната година да се бори во ММА во САД.

„Досега сè што можеше да се освои Виктор освои, сега останува да се докаже уште во ММА борбите“, констатираат од неговиот стручен штаб.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО