Бронзен медал за Ива Богдановска на Балканското џудо првенство

Ива Богдановска (-63 кг) го освои бронзениот медал на Балканското џудо првенство во Тирана, Албанија.

Богдановска на патот до бронзата забележа ти победи и еден пораз. Во борбата за бронзениот медал таа беше поуспешна од репрезентативката на Грција, а тоа ѝ го донесе првиот медал на ова БП.

Анамарија Стојмиловска беше само на чекор до медал, но во борбата за третото место беше сопрена од репрезентативката на Турција, па во конечниот пласман е на петтото место.
Солиден настап имаа и другите наши репрезентативци Лилјана Недановска, Азра Заими, Сергеј Димитријоски и Никола Магдески, но не успеаа да остварат повисок пласман.
Денес се настапите на Борјана Поп Атанасова, како и на микс тимот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО