Џон Џонс во добра форма пред УФЦ 309

Џон Џонс ја покажа својата кондиција пред борбата со Стипе Миочиќ.

Двете легенди се соочуваат на главниот настан на УФЦ 309 на 16 ноември во Медисон сквер гарден, Њујорк. Џонс (37) има скор од 27-1-1 во ММА и е во серија од 18 победнички борби. Во март 2023 година го победи Сирил Гане за да ја освои слобдната титула во тешка категорија.

Така, стана еден од ретките што освоил титула на УФЦ во две различни дивизии. Џонс заврши 17 од неговите средби. Живата легенда не се борел од победата над Сирил во 2023 година. Борбата меѓу Стипе и Џон првично требаше да се случи во ноември 2023 година. За жал, „Коски“ заработи повреда и мораше да оди на операција.

Неговото заздравување траеше 8 месеци. Изгледа дека „Коски“ многу вежбал затоа што изгледа подобро и сега има стомачни плочки. Изгледаше буцкаво во борбата со Гане, но сега се спастри и изгледа во добра форма. Борбата со Миочиќ најверојатно ќе биде последна во неговата кариера.

Еве како изгледа Џонс 45 дена пред борбата:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MMA Pros Pick (@mma.pros.pick)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО