Мераб е подготвен да му даде реванш на О’Мели за да му ја затвори устата

Мераб Двалишвили (18-4) ја постигна најголемата победа во кариерата пред две недели во Лас Вегас кога со убедлива одлука славеше против Шон О’Мели (18-2) за да стане светски шампион во бантам категорија за УФЦ. Набргу потоа, сепак, „Шугар“ тврдеше дека бил оштетен од судиите и дури ги наведе рундите за кои мислеше дека победил. Еве, „Машината“ конечно му одговори со објава на социјалните мрежи.

„Слушам дека О’Мели мисли оти е победник и сака реванш. Ако сака, ќе го добие. Ајде да го направиме тоа на 16-ти ноември во Медисон сквер гарден и потоа ќе ја бранам титулата за да се соочам со кого ќе посака УФЦ. Што мислиш“? напиша Грузиецот на Х.

Мераб реализираше 6 од 15-те обиди за соборување против шампионот, а двајцата поминаа вкупно 10:03 минути на подот на тој меч на 15 септември. Во однос на ударите, соодносот беше 49:214 во корист на Двалишвили, но и покрај тоа Американецот се гледа себеси како победник на мечот.

16 ноември е датумот кога ќе го видиме УФЦC 309 каде Џон Џонс и Стипе Миочиќ ќе се борат за титулата во тешка категорија. Борбената карта таму е за почит, па би било изненадувачки доколку промотерите решат толку брзо да ги сместат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО