Бенедикт Шотофер – Бен одржа тридневен џиу џицу семинар во Битола

Вчера заврши тридневниот џиу џицу семинар со Бенедикт Шотофер – Бен носител на црн појас 2 дан, веднаш под професор Серџо Канудо, основачот на Паунд фор паунд тим Германија, на кој Паунд фор паунд тимот од Битола, предводен од Сашко Мирчевски, е претставник за Македонија.

„Се работеше на различни теми од бразилско џиу џицу и граплинг кои се битни и за ММА и за џиу џицу и граплинг посебно. Се направија многу спаринг сесии и нивото на нашето клупско џиу џицу полека но сигурно расте и се развива во одлична нагорна насока“, вели Мирчевски, притоа додава дека имало промоција на плави појаси во возрасната група, а со кафеав појас, по 11 години искуство се здобил Филип Божиновски.

И во детската група имало доделување на ленти и појаси по 4 години активност на групата, за која вели дека се повеќе расте и одлично функционира.

Миурчевски објасни што следува во есенскиот дел од сезоната.

„Не очекуваат неколку меѓународни турнири во сосединетите земји. Во октомври имаме голем собир на целиот тим во Минхен (Паунд фор паунд тим) на кој ќе учествуваме, а и сите клубови членови на таа голема боречка фамилија која е создадена од професор Серџо Канудо 17 пати светски и европски првак за бразилска џиу џицу“, истакнува Мирчевски.

Тој нагласува дека семинарот бил бесплатен за сите членови на школата. Имало гости од Флоу џиу џицу и ММА протектор долчино, како дел од една тренинг сесија, при што одлично дружење било на пиедестал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО