Двалишвили го победи О’Мели и стана нов шампион на УФЦ, Валентина Шевченко си го врати појасот

Грузиецот Мераб Двалишвили е новиот шампион на УФЦ во бантам категорија. Двалишвили го победи Шон О’Мели со едногласна одлука на настанот УФЦ 306 во Сфера арената во Лас Вегас.

А во пресрет на големото финале, за 16 ноември е најавена борба за титулата во тешка категорија меѓу шампионот Џон Џонс и Стипе Миочиќ.

Тоа беше 18-та победа во кариерата и 11-та во низа за големиот грузиски борец. Во претходните натпревари ги победи Хенри Сехудо, Петар Јан, Жозе Алдо…

И двајцата потрошија многу време на почетокот на првата рунда тестирајќи ги силите, а потоа на крајот од третата минута Мераб прв се закани со соборување, но Шон се одбрани.

Малку подоцна Грузиецот се обиде со гилотина, но О’Мели успешно се извлече и од тоа.

Двалишвили продолжи успешно да се движи, а Американецот не го најде вистинскиот удар. Повторно Грузиецот го собори Шон, па се обиде да се заканува од горна позиција.

Третата рунда повторно започна со тактичка борба од дистанца, која Двалишвили ја прекина со напад на крајот од втората минута.

Грузиецот за момент ја однесе борбата до оградата, но О’Мели излезе. Рундата заврши со борба на нозе, каде што американскиот борец донекаде беше успешен и се закани со неколку добри удари.

Мераб уште еднаш во четвртата рунда го собори Шон и покажа колку добро ја познава техниката на борење. Доминираше во поголемиот дел од рундата и го држеше противникот во подредена позиција.

Двалишвили ја следеше истата тактика и во петтата рунда, но немаше сили да изврши поголем притисок врз О’Мели. Американецот на крајот се обиде да се закани со удирачка техника, но Мераб успешно се одбрани и ја освои титулата.

Во консаловната борба Валентина Шевченко ја победи Алекса Грасо со едногласна одлука на судиите во нивната трилогија.

Киргистанката го врати шампионскиот појас на УФЦ во мува категорија, а најверојатно им закажа и четврта борба.

Имено, сега и двете имаат победа и реми. Минатата година во септември нивната борба заврши без победник.

Тоа беше 24-та победа на Валентина во кариерата.

Диего Лопез ја извојува петтата победа во низа. Бразилскиот борец со едногласна одлука на судиите го победи Американецот Брајан Ортега и побара меч за титулата во перо категорија.

Лопез доминираше во сите три рунди, постојано со силни и прецизни удари го погодуваше Ортега, кој се здоби со модринка на окото и голем оток на ногата.

Бразилецот во финишот на мечот одлично го удри Брајан и го испрати во нокдаун и на крајот стигна до најголемиот триумф во кариерата. Тоа беше негова 26-та победа.

Естебан Рибовиц во многу неизвесен дуел го совлада Даниел Зелхубер со поделена одлука на судиите, додека Роналдо Родригез со едногласна одлука беше подобар против Оде Озборн.

Резултати од настанот УФЦ 306:

Мераб Двалишвили – Шон О’Мели – едногласна одлука (49–46, 48–47, 48–47)
Валентина Шевченко – Алекса Грасо – едногласна одлука (50–45, 50–45, 50–45)
Диего Лопез – Брајан Ортега – едногласна одлука (30–26, 30–27, 30–27)
Естебан Рибовиц – Даниел Зелхубер – поделена одлука (29–28, 28–29, 29–28)
Роналдо Родригез – Оде Озборн – едногласна одлука (29-28, 29-27, 29-27)

Воведни борби:
Норма Думон – Ирене Алдана – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Игнасио Бахамондес – Мануел Торез – ТКО (удари), Р1 (4:02)
Кетлен Соуза – Јазмин Јаурегуи – тех. завршница (задушување од пзоади) Р1 (3:02)
Џошуа Ван – Едгар Шаирез – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Раул Росас Јуниор – Аори Чиленг – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО