Тренерот на Конор Мек Грегор ги подгреа гласините дека „Озлогласениот“ наскоро ќе се врати

Тренерот на Конор Мек Грегор, Џон Каванаг ги подгреа гласините дека „Озлогласениот“ би можел да се врати во октагонот пред крајот на оваа година, и покрај првичните тврдења на Дана Вајт дека најрано ќе биде 2025 година.

„Ако го презакажат Мек Грегор-Чендлер за декември, ние веќе тренираме напорно, иако во моментов тоа го правиме од далечина. Колку што знаеме, моментално е на турнеја низ земјата за да го промовира своето пиво“, изјави Каванаг за Лаки Блок.

Ирската суперѕвезда во ММА требаше да се врати од тешката повреда во текот на летото со борбата против Мајкл Чендлер, но го скрши прстот на ногата при подготовката и дојде до уште едно одложување.

Подоцна Конор официјално стана косопственик на друг водечките боречки синџири – БКФЦ, дури побрза да се вклучи во скандал со Мајк Пери по мечот на „Платина“ со Џејк Пол во боксерскиот ринг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО