Џервонта Дејвис и Давид Бенавидез планираат голема боксерска вечер во декември

Две од најголемите ѕвезди во модерниот бокс, Џервонта Дејвис (30-0) и Давид Бенавидез (29-0), планираат повторно да ни понудат голема боксерска гала вечер на крајот на годината, вели Салвадор Родригез од ЕСПН.

„Тенк“ допрва треба да одлучи против кого ќе ја брани светската титула на ВБА во лесна категорија, откако во јуни го нокаутира Френк Мартин (18-1).

„Чудовиштето од Бандера Роха“, пак, е привремен шампион на ВБЦ во две тежински категории – суперсредна и полутешка категорија. Сепак, долго време се шпекулира дека планира да се искачи уште повисоко, па ќе биде интересно да се види во кој правец ќе се движи по триумфот над Александар Гвоздик (20-2) во јуни.

Засега се чини дека двајцата се решија на датумот 14 декември, што е добар знак дека работите се движат во некоја насока.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО