Светската кик бокс шампионка Марија Димовска имаше прием кај градоначалникот на Битола

Марија Димовска, која освои златен медал на Светското јуниорско кик бокс првенство во Будимпешта, Унгарија, и нејзиниот тренер Александсар Димовски денес имаа прием кај градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Коњановски им го честита големиот успех.

Марија Димовска е првиот јуниорски (помлад јуниор) светски првак од Македонија, а воедно и првата девојка која станала светски кик бокс шампион во ВАКО.

Градоначалникот Коњановски, нагласи дека шампионскиот успех на Марија е гордост за Битола, а Општина Битола, покрај што беше значајна поддршка за нејзиното учество на Светското првенство и понатаму ќе продолжи да биде поддржувач на успешните и талентирани спортисти, кои со своите резултати го промовираат градот во светски рамки.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО