Вардар, В и Г Илиеви и Вардар (женско борење) се победници на „Бојан Рангелов & Насе Насев“

Вардар, Васил и Георги Илиеви и Вардар (женско борење) се победници на Меѓународниот меморијален турнир во борење екипно „Бојан Рангелов & Насе Насев“ што се одржа вчераво Скопје во организација на БК Вардар.

На почетокот на турнирот со едноминутното молчење им беше оддадена почит на починатите великани, потоа меморијалот го отвори претседателот на БК Вардар – Љубиша Пешко.

Пешко им посака добредојде на сите на 1. Меѓународен меморијален турнир во борење слободен стил, грчко-римски стил и борење за жени посветен на легендарните тренери и педагози Бојан Рангелов и Насе Насев.

„Денеска се собираме не само како учесници и гледачи, туку како заедница обединета од нашата страст кон нашиот величествен олимписки спорт – борење, со цел да им оддадеме почит и благодарност за се што направија нашите тренери Бојан Рангелов и Насе Насев во развојот, унапредувањето и промовирањето на нашиот спорт на домашен и меѓународен план и огромниот придонес кој го дадоа во афирмацијата на македонското борење во олимпиското движење, на сите континенти, зајакнувајќи ги позициите на нашиот спорт и нашата држава на глобално ниво.

Беше привилегија и огромна среќа што растевме и се надградувавме како личности, спортисти и спортски работници заедно со нив, затоа се надевам дека со скромната организација на овој прв меѓународен турнир ќе дадеме придонес во зачувувањето, почитта, вреднувањето и афирмацијата на нивните дела.

Верувам дека со заеднички сили ќе дадеме се од себе овој турнир да се издигне на највисоко организацино ниво и да влезе во календарот на Обидинетото светско борење“, рече Пешко и додаде:

„Денес, да ги славиме не само шампионите кои ќе излезат како победници, туку и духот на спортските вредности на нашите легенди, духот на фер-плејот, тимската работа и извонредноста што го карактеризира овој безвременски меморијален настан.

Зата, без разлика дали сте на боречкиот душек, на трибините или гледате преку електронските медиуми, запомнете дека ние сме дел од нешто поголемо — глобална заедница поврзана со љубовта кон нашиот спорт – борењето.

На самиот крај би сакал да изразам голема благодарност до сите членови на техничкиот организатор Боречки клуб Вардар-Скопје и Боречката федерација на С. Македонија кои дадоа огромен придонес во организацијата на овој турнир“.

Резултати:

Слободен стил
Вардар – Европа 6-1
Вардар – Вардар млади 5-2

1.Вардар
2.Европа
3.Вардар млади

Грчко-римски стил
Вардар – Раднички 2-3
Вардар – Васил и Георги Илиеви 1-4
В и Г Илиеви – Вардар 4-1

1.В и Г Илиеви
2.Раднички
3.Вардар

Женско борење
Вардар – Црвена ѕвезда 3-2
Цревна ѕвезда – Вардар 2-3

1.Вардар
2.Црвена ѕвезда

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО