Успех на борачите на Шкупи во Полска-освоија два златни и еден бронзен медал

Успех на младите борачи на Шкупи на Меѓународниот турнир „Тадеуш Зугмунт Струс“ во Сидлце, Полска, освоија три медали – 2 златни и 1 бронзен.

Клубот на турнирот настапи со тројца борачи и сите освоија медали: Заим Заими до 38 килограми и, Абдул Азиз Азизизи во категоријата 48 килограми се закитија со златни медали, Илхан Муртези со бронза.

„Во многу силна конкуренција со учество на клубови од Полска, Украина, Литванија, како и нашиот клуб од Македонија, покажавме дека Шкупи е на пат за уште поголеми глобални резултати“, велат од клубот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО