Силвио Мировски обезбеди трето финале за Македонија на СП во кик бокс

Силвио Мировски го обезбеди трето финале за Македонија на Светското првенство во кик бокс за кадети и јуниори во Будимпешта, Унгарија, откако со прекин во првата рунда го совлада Атанас Димов од Бугарија.

Вчера тоа го направија Марија Димовска и Лука Змејкоски.

Мировски во финалето ќе се бори со победникот од Иван Бородатји од Украина.

На СП учествуваат 2256 спортисти со над 3092 натпреварувачки влезови од целиот свет, односно 68 држави.

Резултати Светско првенство за кадети и јуниори:

постари јуниори
-71 кг
Силвио Мировски – Челик Мемет Тана (Турција) 3-0 ТКО Р3 ¼ финале
Силвио Мировски – Атанас Димов (Бугарија) 3-0 TKO Р1
Финале
Силвио Мировски – Иван Бородатји (Украина)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО