Хабиб Нурмагомедов исплатил огромна сума даночен долг кон руските власти

Хабиб Нурмагомедов, наводно, ги решил своите даночни прашања. Според извештаите на рускиот Tелеграм канал Шот, Нурмагомедов подмирил долг од 3,398 милиони долари кон руските даночни власти. Се чини дека банкарските сметки на Дагестанецот ќе бидат одмрзнати и дел од конфискуваниот имот ќе биде вратен.

На 24 јули 2024 година целата заедница на боречки вештини ги следеше случувањата околу „Орелот“. Бидејќи неговите правни проблеми со руската влада се влошуваа, Нурмагомедов беше принуден да се раздели со својот најценет имот, како што е неговата колекција на автомобили, која вклучуваше Ферари Клаифорнија Т, мерцедес-бенз АМГ ГТ С, мерцедес-бенз Ѕ класа, БМВ серија 7, тојота ленд крузер и тојота такома чија вкупна вредност изнесувала околу 813 илјади долари.

Дополнително, одземен е и семејниот дом во Дагестан, според извештаите од Чемпионшип раундс, а вкупната вредност на запленетиот имот е околу 900 илјади долари.

Иако го подмирил долгот, односите на Нурмагомедов со руската влада и понатаму се затегнати. Во јуни, една од неговите сали во Дагестан беше нападната од руските безбедносни сили, наводно поради врски со исламските екстремисти кои беа вклучени во терористички напад врз христијанска црква и еврејска синагога. Иако самиот Нурмагомедов не бил поврзан со нападите, поврзаноста на неговата сала со сомнителни лица го стави под дополнителен надзор.

Различни извештаи сугерираат дека Нурмагомедов повеќе не живее во Русија и се преселил во Обединетите Арапски Емирати каде што бил виден неколку пати. И покрај овие настани, Нурмагомедов отсекогаш бил голем поддржувач на руската влада, а се фотографираше и со рускиот претседател Владимир Путин, кој му честиташе за успесите во ММА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО