Русинот Черман Валиев го освои првиот олимписки медал за Албанија

Рускиот борач Чермен Валиев испиша историја во албанскиот спорт, откако на нашиот западен сосед му го донесе првиот медал на Олимписките игри.

Валиев има само 25 години и на крајот славеше со 6-2 против Виктор Расадин за да го освои бронзениот медал во категоријата до 74 килограми.

Во истата категорија до злато стигна Разамбек Жамалов од Узбекистан, додека среброто му припадна на Даичи Такатани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО