Египетски борач под дејство на алкохол сексуално нападнал жена во Париз

Египетски олимписки борач е уапсен во Париз под обвинение за сексуален напад, соопшти француското обвинителство. Во соопштението на париското обвинителство се наведува дека 26-годишен борач од Египет бил приведен во петокот рано наутро откако наводно допрел жена.
Обвинителството не го наведе името на борачот, но изјави дека е роден во Египет и дека бил во Париз каде учествувал на Олимпијадата. Француските медиуми, меѓу кои и весникот „Паризиен“ наведуваат дека тој бил под дејство на алкохол.
Осомничениот е Мухамед Елсајед, бронзен медалист на Игрите во Токио, а во Париз бил поразен од Азербејџанец кој подоцна го освоил медалот.
Иако полицијата не потврдува, се шпекулира дека станува збор заМухамед Елсајед кој на игрите во Токио освои бронзен медал.
https://twitter.com/whatsn2day/status/1821881504705999291
Фото: Принтскрин Х



