Рељиќ не доби шанса за репасаж, Ајун поразена од Иранката Кијани

После тесниот пораз од Летиција Ајун, македонската таеквондистка Милјана Рељиќ Либанката да влезе во финалето и преку репасажот да ги одржи шансите за бронзениот медал во категоријата до 57 кг на Олимписките игри во Париз.

Но, во полуфиналето Ајун загуби со 10-3 и 9-0 од светска шампионка Нахид Кијани од Иран.

Во оваа категорија за златниот медал ќе се борат Кијани и Кин Ју-џин од Јужна Кореја.

Сепак, Рељиќ дефинитивно не разочара во нејзиниот настап, таа во ниту еден момент не попушти, заслужи со своите одлични борби да се најде во борбите за медал.

Во осминафиналето македонската репрезентативка ја елиминира двократната олимписка шампионка Џејд Џонс од Велика Британија, а потоа минимално беше поразена од Ајун во четвртфиналната фаза и малку недостасуваше да биде меѓу најдобрите четири таеквондистки на олимпискиот турнир во категоријата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО