Кличко: Драго ми е што не го украдоа Фјури!

Generated by  IJG JPEG Library
Generated by IJG JPEG Library

По завршувањето на борбата меѓу Владимир Кличко и Тајсон Фјури многумина се прашуваа како ќе биде бодувана и дали е можно Украинецот на „својот“ терен во Германија да остане без титулата.

Фјури пред средбата беше загрижен поради судиите, и стравуваше дека до титулата може да дојде само со нокаут. Во рингот, Британецот дојде да се боксира и не одеше на нокаут и на крајот заслужено ја доби победата.

По 12 рунди Кличко знаеше дека загуби и самиот беше загрижен во очи на прогласувањето на победникот. Причината беше губењето појасите за светски шампион.

„По поразот, првите две-три дена беа тешки. Но, знаев дека ќе ми помине тоа. Во овој период не сакав ништо да зборувам и потоа сè си дојде на место. Искрено ќе ви кажам, среќен сум што по борбата беше подигната раката на Фјури, а не мојата. Арена ќе ме исвиркаше да победев. Што би ми требало такво нешто? Пораз во овој случај беше подобар од поклонета победа“, му изјави Кличко на Александар Белански.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО