Иранецот Сарави го победи легендарниот Алексањан за злато во грчко-римски стил

Иранецот Мохамадхади Сарави го првиот златен медал во борење – грчко-римски стил на Олимпшиските игри, откако го совлада легендарниот ерменски борач Артур Алексањан во финалето во категоријата до 97 кг.

Сарави, светски шампион од 2022 година, му се реваншираше на Алексањан за поразот во полуфиналето во Токио каде што остана со бронзениот медал. Тој двобој заврши со 4-1 за Ерменецот, а сега Иранецот победи со ист резултат.

Алексањан е олимписки шампион од Рио и сребрен од ОИ во Токио, а има и четири светски титули и осум европски.

Бронзата му припадна на Габриел Росио од Куба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО