Тренерот на Усик за кариерата на шампионот: Трилогија со Џошуа на ММА меч или борба против Џејк Пол

Александар Усик го победи Тајсон Фјури со поделена одлука во средината на мај и ја освои титулата во тешка категорија за прв пат во ерата на четири појаси.

Освојувачот на златен олимписки медал мораше да го искористи целиот свој арсенал на вештини за да го совлада поголемиот и потежок Џипси Кинг и да му го нанесе првиот пораз во кариерата.

Двајцата моментално најголеми светски тешкаши ќе имаат реванш на крајот на годината, но тоа нема да биде за неприкосновен шампион, бидејќи Украинецот неодамна го ослободи појасот на ИБФ.

Многумина се прашуваат кој ќе биде следниот чекор на 37-годишниот Александар по реваншот, дали тоа е пензија, продолжување на кариерата во тешка категорија, враќање во полутешка или нешто друго…

Во едно неодамнешно интервју, тренерот на Усик, Сергеј Лапин, зборуваше за можните опции на Александар за продолжување на кариерата.

„Докажа дека е најдобар во оваа генерација и откако ќе го пензионира Тајсон Фјури, ќе ги разгледа сите можности. Можеби ќе се врати во полутешка категорија или ќе добие добра понуда да се бори во боксерскиот ринг, ММА октагонот или дури и во БКФЦ шампионатот на Конор Мек Грегор“, рече Сергеј Лапин и додаде:

„Каква битка би била меѓу Александар Усик и Џон Џонс, во која би покажале кој е најзлобен човек на светот. Можете ли да го замислите тоа? Или трилогија со Ентони Џошуа во ММА меч. Веројатно не би имал ништо против да се бори со Џејк Пол и во полутешка категорија, но во тој случај, Усик треба да се бори само со една рака за натпреварот да биде фер“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО