Обединет светски шампион се онесвести еден ден пред да ги брани појасите

Обединетиот светски шампион во средна категорија на ИБФ и ВБО – Жанибек Алимханули (15-0) колабира еден ден пред одбраната на титулата против Андреј Михајлович (21-0) во Лас Вегас, дознава Топ ранг. Тој бил примен во болница, по што се покажало дека неговата состојба е последица на тешка дехидрација.

Од таборот на Казахстанецот излезе официјално соопштение за да се потврди неговата состојба. Тој и на социјалните мрежи напиша дека сега е подобро.

ВБО, пак, сака да ги добие медицинските досиеја на Алимханули за да се увери дека неуспешната борба била поради здравствен проблем. Треба да биде познато и дали може да го брани појасот на 72,5 килограми.

Жанибек е дециден дека ќе остане во категоријата и ќе продолжи да ја брка неприкосновената титула. На дневен ред за него е ангажирање на специјалист кој ќе се грижи за правилно слабеење, за да не се повтори ваков инцидент.

Чекаме да го дознаеме новиот датум за борбата со Михајлович.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО