Тренерот на Усик тврди дека шампионот ќе победи со нокаут: Тоа ќе биде последната борба на Фјури

Непоразениот украински боксер Александар Усик го победи Тајсон Фјури со поделена одлука во средината на мај и стана неприкосновен шампион во тешка категорија.

По обединувањето на титулите во полутешка категорија, освојувачот на златен медал на Олимписките игри во Лондон 2012 година го направи истото и во кралската дивизија.

Усик неодамна го ослободи шампионскиот појас на ИБФ (Даниел Дубоа и Ентони Џошуа се борат за таа титула во септември), па реваншот против Фјури, кој беше договорен за 21 декември, нема да биде за апсолутен шампион.

А Фјури беше нешто подоминантен во мечот во првиот дел од борбата, но Усик покажа цврстина и не се предаде, а знаеше да се закани.

На крајот од деветата рунда, Украинецот го испрати Џипси Кинг во нокдаун, но судијата и звукот на гонгот го спасија Британецот.

По борбата Кралот на Ромите беше уверен дека е подобар борец и дека Усик победил поради војната во Украина, а противникот го нарече аматер.

Двајцата тешкаши имаат реванш на крајот на годината, а тренерот на Усик Сергеј Лапин верува дека тоа ќе биде последна борба за Фјури.

„Во декември Фјури има шанса да го подобри впечатокот, но овојпат борбата нема да оди толку далеку. Усик добро го проучуваше и сега ги држи сите адути во раце. Тоа ќе биде последната борба во кариерата на Фјури. Усик ќе го пензионира Тајсон Фјури“, изјави Сергеј Лапин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО