Флојд Мејведер би сакал да организира меч меѓу Шакур Стивенсон и Џервонта Дејвис

Неодамна Шакур Стивенсон со едногласна одлука со убедлив настап го победи Артем Харутјунјан и го одбрани шампионскиот појас на ВБЦ во лесна категорија.

За американскиот боксер тоа беше последен меч што го имаше според договорот со Топ ранг, кој го води промоторот Боб Арум.

Стивенсон (22-0, 10 КО) моментално е слободен борец, а деновиве потврди дека кариерата може да ја препушти во рацете на Флојд Мејведер и неговата промоција.

„Многу е можно, го почитувам Флојд. Не би имал ништо против да работам со него се додека има смисла“, изјави Шакур Стивенсон.

По последниот меч тој се најде на удар на критичарите кои сметаат дека неговите борби повеќе не се толку забавни.

„Тешко е да се направи нешто повеќе кога немаш противник кој сака да возврати. Сакам да се борам против најдобрите борци“, изјави Шакур Стивенсон, додавајќи дека Флојд Мејведер на последниот настан дошол само поради него.

И љубителите на боксот сакаат да видат пресметка меѓу Шакур Стивенсон и Џервонта Дејвис. Доколку Стивенсон се приклучи на промоцијата на Мејведер, тогаш би биле уште поблиску до таа мега-борба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО