Мајк Пери: Ќе му одржам лекција на Џејк Пол, ќе го научам нешто што претходно не го знаел

Јутјуберот Џејк Пол наскоро се враќа во рингот. Поранешната ѕвезда на Дизни требаше да се бори со Мајк Тајсон на 20 јули, но боксерската легенда го откажа настапот поради здравствени проблеми.

Наместо таа борба, Пол организираше боксерски меч на истиот датум против борецот на БКФЦ, Мајк Пери. Мечот ќе се одржи во Тампа, Флорида.

Дуелот меѓу јутјуберот и Ајрон Мајк беше договорен за 15 ноември на стадионот АТ&Т во Арлингтон.

„Додека се подготвувам за мојата борба против Ајрон Мајк, за мене нема подобар противник од Мајк Пери. Тој е докажан нокаутер. Безброј пати покажа дека е манијак во и надвор од рингот“, изјави Џејк Пол и додаде:

„Тој меч ќе биде совршено искуство за мене пред дуелот со Мајк Тајсон. Тие што ме познаваат знаат колку ризикувам. „Платинестиот“ Пери ќе се обиде да ме заврши, но јас сум Џејк Пол и не се плашам од никого“.

Проблематичното дете ја бара својата 10-та победа, но Пери е уверен дека ќе му го приреди на Пол вториот пораз во боксерската кариера.

Тој најавува дека ќе се погрижи Пол да сфати дека ја направил „најголемата грешка во својот живот“ прифаќајќи ја борбата со него.

„Џејк Пол тврди дека не се плаши од никого, но во сабота на 20 јули светот ќе ја види вистината – ја направи најголемата грешка во животот со тоа што договараше борба против мене, а пред дуелот со Ајрон Мајк“, изјави Мајк Пери, и подвлече:

„Ќе направам да изгледа лесно и ќе му одржам лекција на Џејк Пол, ќе го научам нешто што претходно не го знаел“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО