Боксер „замрзна“ среде борба и падна сам од себе, пренесен во болница (ВИДЕО)

Боксерот Трамејн Вилијамс е пуштен од болница по застрашувачки момент во рингот.

Американскиот боксер за среќа е во добра состојба по загрижувачкиот инцидент за време на борбата во четвртокот вечерта.

Вилијамс очигледно добил напад кога „замрзнал“ и колабирал во рингот, без да го допре противникот.

Инцидентот се случи веќе во првaтa рунда од натпреварувањето на Тим борбената лига. Тим комбат лигата е уникатен боксерски формат во кој големи тимови борци (понекогаш и до 24 членови) наизменично боксираат поединечни рунди со цел да соберат вкупно поени до крајот на натпреварот и да го поразат противничкиот тим.

За време на неговата рунда Вилијамс се замрзна на своето место со едната рака во воздух, дури и без да биде погоден од неговиот противник Рајан Ален. Ален, очигледно збунет од развојот на ситуацијата, исто така престана да боксира.

Вилијамс падна со лицето напред, колабирајќи во еден миг. Судијата зачекори меѓу борците и веднаш ја прекина борбата, повикувајќи на лекарска помош за Вилијамс. Боксерот е пренесен во болница. За среќа, тој бил ослободен само неколку часа подоцна.

Во соопштението на тимот за кој се натпреваруваше, NYC Attitude, пишуваше: „Ви благодариме на сите за љубовта и поддршката. Борецот на Њујорк, Трамејн Вилијамс е пуштен од болница и се чувствува добро“.

Вилијамс набрзо се огласи на социјалните мрежи: „Добро сум, докторот рече дека сум премногу дехидриран. Но, добро сум“.

Видеото од инцидентот брзо се прошири на социјалните мрежи, а фановите упатуваат добри желби до Вилијамс и се надеваат на брзо закрепнување.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО