Фил де Фрис по десетти пат го одбрани шампионскиот појас на КСВ во тешка категорија

Борачот во тешка категорија Фил де Фрис ја продолжи победничката серија во најголемата европска ММА организација.

На настанот КСВ 95 во Олштин, Англичанецот со едногласна одлука на судиите со убедлив настап го победи бразилскиот борец Аугусто Сакаи.

Тоа беше 13-та победа во низа за Де Фрис или 11-та во полската ММА промоција, со која по десети пат ја одбрани титулата.

Шампионот влезе со резерва во мечот, но во продолжението беше многу поагресивен и доминираше до крајот на мечот без да му дозволи на противникот момент за одмор.

Настанот беше предводен од полска борба во бантам категорија, во која Јакуб Виклац го победи Себастијан Пжибиш со гилотина во втората рунда.

Резултати од настанот КСВ 95:

Јакуб Виклач (в) – Себастијан Пжибиш – завршница (гушење со гилотина), Р2 (3:15)
Фил де Фрис (в) – Аугусто Сакаи – едногласна одлука (49-46, 49-46, 49-46)
Марцин Хелд – Роман Шимањски – едногласна одлука (29-28, 29-28, 29-28)
Тимотеуш Лопачик – Брајан Хои – едногласна одлука (30-27, 30-27, 30-27)
Оскар Шчепанијак – Адријан Зиелински – едногласна одлука
Патрик Судрин – Шамад Ерзанукаев – едногласна одлука
Борис Џиковски – Кристиан Биелски – поделена одлука
Михал Дречковски – Стеван Јариќ – ТКО, Р1 (3:29)
Давид Кучмарски – Морган Гболу – завршница (гушење со гилотина), Р1 (1:11).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО