АктуелноБорењеЕвропски првенства
Последната секунда кобна за Бесир Алили на Европското првенство

Штета за Бесир Алили, букавлно во последната секунда ја загуби борбата од Романецот Бенјамин Боетје на Европското првенство за младинци У-20 во Сантјаго де Компостела, Шпанија.
Бесир имаше предност од 15-14, но Боетје во последната секунда успеа да го истурка и да изедначи, а по прегледот на снимката судиите му доделија уште еден поен.
Алили цело време беше во водство и ја контролираше борбата.
Резултати ЕП:
-61 кг Бесир Алили – Бенјамин Боејте (Романија) 15-16
-70 кг Марко Андонов – Зелимхан Муцухаев (Полска) 0-11
-79 кг Стефан Димитров – Рафаеле Матруоло (Италија) 0-10



