Џорџ Форман истакнува дека само еден тешкаш има шанса против Тајсон Фјури

Боксерската легенда Џорџ Форман го победи Мајкл Мурер со нокаут во десеттата рунда во Лас Вегас во ноември 1994 година и стана најстариот шампион во светот со 45 години и 299 дена.

Седумнаесет години подоцна, Биг Џорџ беше престигнат на таа листа од Бернард Хопкинс, кој го победи Жан Паскал во Монтреал и стана шампион на 46-годишна возраст.

Но Форман е сè уште најстариот шампион во тешка категорија и со голем интерес ги следи боксерските настани.

Така, деновиве го искажа своето мислење дека во овој момент само еден боксер може да му се закани на Тајсон Фјури.

Големиот Џорџ мисли дека тоа би можело да биде пеколна борба за Ромскиот крал.

„Единствениот меч што сакам да го гледам сега е борбата меѓу Тајсон Фјури и Ентони Џошуа“, рече Џорџ Форман и истакна дека Тајсон Фјури моментално е најдобриот тешкаш во светот:

„Џошуа е единствениот борец кој може да му направи проблеми на Фјури и да му даде пеколна борба. Би сакал да го видам тоа, би било возбудливо“.

За меч меѓу Фјури и Џошуа многу се зборуваше во изминатите неколку години, но тоа сè уште не се случило.

Неодамна во медиумите се појави информација дека Кралот на Ромите му понудил борба на Еј Џеј, која во моментов не сака да ја прифати.

Фјури сè уште не најде противник по неуспешните преговори со Усик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО