Усик го фали Фјури и истакнува: Тој огромен човек многу се плаши од пораз

Боксерските приврзаници се уште се надеваат на меч меѓу Александар Усик и Тајсон Фјури за титулата апсолутен шампион во тешка категорија.

Нивниот судир беше планиран за крајот на април, но пропадна откако Украинецот се повлече од преговорите.

Неодамна, се појавија вести дека Саудиска Арабија сака да организира голем спектакл во декември што ќе доведе до борба за обединување на титулите меѓу Фјури и Усик, додека Џошуа и Вајлдер ќе се пресметаат во конасловната борба.

Усик (20-0, 13 КО) ги пофали боксерските вештини на Џипси Кинг, но истакна дека Фјури (33-0-1, 24 КО) се плаши од пораз.

„Тој е голем човек кој има многу добар бокс и животни вештини… Но, овој огромен човек многу се плаши од пораз“, изјави украинскиот боксер.

Коментарите на Усик несомнено произлегуваат од неуспешните преговори за борбата која требаше да го реши неприкосновениот шампион во тешка категорија, за која повеќето веруваат дека е виновен Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО