Иднината на ЏК Дрим освои 17 медали на ДП-а за пионери и кадети

На Државните првенства за кадети и помлади пионери во Скопје џудисти на Дрим се зактија со 17 одличја со 23 натпреварувачи.

Медалите ги освоија:

Помлади пионери

-Давид Спироски -38 кг златен
-Катерина Клењоска -32 кг златен
-Мишела Јаулевска -48 кг златен
-Елеонора Јосифоска -36 кг сребрен
-Мила Стојмиловска -44 кг сребрен
-Филип Шипоски -27 кг бронзен
-Божидар Јуловски -30 кг бронзен
-Константин Ѓоргоноски -34 кг бронзен
-Драган Антониевски -38 кг бронзен
-Мартина Салви -40 кг бронзен
-Јосиф Нелкоски -50 кг бронзен
-Лука Трца -55 кг бронзен
-Давид Ќосески -60 кг бронзен
-Христијан Вранишкоски +60 кг бронзен

Кадети

-Анамарија Стојмиловска -48 кг златен
-Драгица Рафтоска -63 кг бронзен
-Матеј Балоски -73 кг бронзен

„Одлични борби прикажаа и Трајче Нелкоски, Ермонд Мехмедоски, Анастасија Трајческа, Лазар Јованоски, Амар Бајрамоски и Васко Коцески, но не успеаја да се закитат со медал“, велат од ЏК Дрим и додаваат:

„Ако се водиме по старата поговорка – „во младите е иднината- на ЏК Дрим му претстои блескава иднина“!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО