Гловер Тешеира се уште не размислува за пензија: Тоа ќе се случи кога ќе престанам да тренирам

Мечот меѓу Јан Блахович и Магомед Анкалаев на неодамнешниот настан на УФЦ 282 требаше да донесе нов шампион во полутешка категорија.

Но, натпреварот заврши нерешено, а раководството на најголемата светска организација за ММА веднаш договори борба меѓу Гловер Тешеира и Џамахал Хил за појасот на УФЦ во полутешка категорија.

Борбата е договорена за настанот УФЦ 283 кој ќе се одржи на 21 јануари во Рио де Жанеиро.

На тој меч 43-годишниот Тешеира по вторпат ќе се обиде да ја освои титулата, а без разлика на исходот се уште нема намера да се пензионира.

„Засега не размислувам за пензионирање. Настаните од минатиот викенд ми покажаа дека не треба премногу да планирам, живеам во сегашноста. Немам планови и не знам кога ќе се пензионирам. Ќе се пензионирам кога ќе ја загубам желбата и ќе престанам да тренирам“, изјави Гловер Тешеира и додаде:

„Имав такви моменти. Се борев со повреди и се изгледаше лошо. По поразот од Кори Андерсон размислував, уште една борба и ако загубам тогаш ќе се повлечам. И на последниот меч против Јиржи покажав дека се уште можам да се борам на највисоко ниво. Натпреварите се интензивни и многумина не можат да го следат тој ритам“.

Следен противник му е Џамахал Хил, кој е 12 години помлад. Американецот има 11 победи и пораз, а една броба е откажана. Има три победи во низа, а на последниот меч во август со прекин го совлада Тијаго Сантос.

„Потешко е да се подготвиш за Прохаска, но Хил е исто толку тежок. Не се грижам дали ќе бидам подобар од него, бидејќи сум подобар борец. Треба да се придржувам до тактиката и да го принудам да се предаде. Соборете го и завршете со „принуда“ или нокаут. Сите го знаат мојот стил на борба“, нагласи Гловер Тешеира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО