Силвио Мировски славеше против Шегавиќ на СП во кик бокс во Италија

На првиот ден на Светското јуниорско првенство во кик бокс во Лидо Диесело, Италија, Силвио Мировски извојува победа против Марин Шегвиќ од Хрватска.

 

Панче Витанов во борбата со Маџим Ангелута од Молдавија загуби на поени.

„Судијата на Панче му одзема два поена. Еден за држење на рака и еден за паѓање на гумичката“, вели селекторот Дејан Митровски – Урко.

Резултати:
Лоу кик
Јуниори
-63,5 кг Силвио Мировски – Марин Шегавиќ (Хрватска) 3-0
Силвио Мировски –Сашко Николов (Бугарија) ¼ финале

-60 кг Панче Витанов – Максим Ангелута (Моладавија) 0-3

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО