Хабиб Нурмагомедов ќе отвори своја сала во Абу Даби (ФОТО)

Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, објави нов пост на социјалните мрежи во која зборува за плановите да отвори теретана во Абу Даби (Обединети Арапски Емирати).

„Ќе го отвориме „Хабиб џим“ во Абу Даби на крајот на годината. Ова ќе биде прва ваква сала. Ќе има: фитнес, кросфит, ММА, џиу-џицу и борење, падел тенис, велосипедизам, детска зона, зона на базен“, напиша Хабиб.

Да потсетиме, во октомври 2020 година, Нурмагомедов славеше победа во борбата со Американецот Џастин Гејџи на турнирот УФЦ 254 во Абу Даби. По бробата познатиот борец објави дека се повлекува. Тој има 29 победи во 29 борби во мешани боречки вештини, вклучувајќи 13 победи во 13 борби во УФЦ.

Нурмагомедов има многу пријатели во Абу Даби, како и многу обожаватели. Неговата теретана сигурно ќе биде исполнета со луѓе од целиот свет кои сакаат да ги подобрат своите вештини и фитнес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО