Дана Вајт подари 250.000 долари на Јутјуб ѕвезда! Неговиот гест наиде на критики

Дана Вајт е честа мета на критики дека повеќето борци на УФЦ се недоволно платени и не се доволно дарежливи кога станува збор за наградување некого.

Но, претседателот на УФЦ не е таков кон своите пријатели, како што покажува видео кое деновиве се прошири на социјалните мрежи.

Имено, на него се гледа како првиот човек на најголемата светска ММА организација на својот пријател, Јутјуб ѕвездата Кајл Форгерд му подарува – 250.000 долари.

Видеото и роденденскиот подарок станаа вирални и брзо се проширија низ интернет, а гестот на Вајт наиде на многу критики.

Промоцијата често е на удар, бидејќи многумина сметаат дека борците на УФЦ се недоволно платени. Овој потег на Дана само додаде масло на огнот.

Многу луѓе се јавија и оставија коментар, а посебно се издвојува објавата на поранешниот борец на УФЦ Луис Смолка кој ги повика борците да формираат синдикат.

https://twitter.com/LouisSmolkaMMA/status/1546764316283527168?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1546764316283527168%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.croring.com%2Fmma%2Fdana-white-darovao-youtube-zvijezdi-250-000-dolara-njegova-je-gesta-naisla-na-kritike%2F

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО