Пејџ ван Зант се вклучува на БКФЦ: Лондон

Пејџ ван Зант ќе ја направи следната борба во бокс со голи раце на претстојниот настан на БКФЦ во Лондон.

Организацијата ќе ја посети англиската престолнина на 20 август, каде главен настан ќе биде борбата помеѓу ѕвездата на Белатор, Мајкл Пејџ и поранешниот УФЦ борец, Мајк Пери.

Сега ќе им се придружи и Ван Зант, чие учество на настанот го потврди директорот на БКФЦ, Дејвид Фелдман.

„На оваа гала вечер ќе се бори и Пејџ ван Зант. Таа ќе го има својот трет настап во нашата организација на Вембли арена“, рече Фелдман.

Ова исто така ќе биде прва борба за Ван Зант во Англија, бидејќи таа ќе се обиде да забележи победа по последниот пораз од Рејчел Остович во јули 2021 година.

Сè уште не е објавен официјален противник за поранешната УФЦ воинка, но голема е веројатноста таа да се соочи со Фелис Хериг, која исто така го напушти УФЦ и потпиша со БКФЦ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BKFC (@bareknucklefc)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО