Конор Мек Грегор се враќа на ММА борбите, но сака повторно да боксира: Таа приказна е далеку од завршена

Во последните објави на социјалните мрежи, Конор Мек Грегор покажа дека брилијантно закрепнува по минатогодишната повреда кога ја скрши ногата на мечот против Дастин Пориер во јули.

Големата ѕвезда на УФЦ започна со лајт спаринг, а наскоро би можела да започне и со сериозни подготовки.

Неговото враќање се очекува во втората половина од годинава. Тој викендов се најде во Монте Карло на трка во Формула 1 и даде неколку интересни изјави.

Тој потврди дека следната борба ќе биде во октагонот на најголемите светски ММА организации, но во иднина сака повторно да влезе во боксерскиот ринг.

„Телото ми е добро“, рече Конор Мек Грегор и продолжи.

„По ова патување ќе продолжам да тренирам. Можам да ги шутнам ударите сега, но морам да почекам уште една КТ скен. Ќе се вратам наскоро. Засега само боксувам и вежбам во теретана, добро ми е. Возбуден сум поради моето враќање“.

Ирецот потврди дека се враќа ММА, но сака повторно да боксира во иднина.

„Боксот е мојата прва љубов. Последен пат кога боксирав се чувствував одлично. Но, прво се враќам на ММА борбите во кафезот на УФЦ. Таа приказна е далеку од завршена. Всушност, тоа е само почеток. Се враќам на тоа, но во иднина повторно ќе влезам во рингот“, изјави Конор Мек Грегор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО