АктуелноДомашна сценаЏудо

Во Битола свечено доделени повисоки мајсторски џудо појаси (ФОТО)

На 25 мај во Битола во Спортскиот центар за боречки вештини Пелистер се одржа церемонија за свечено доделување на мајсторски појаси -степени.

Имено, со одлука на Американската џудо ранг асоцијација од Њујорк, САД, во повисоки мајсторски степени – појаси беа промовирани:

Ѓуро Илиќ 7 дан

Ѓорѓи Чатлески 7 дан

Марјан Димески 5 дан

„Овластен за доделувањето на овие дан појаси-степени беше Марјан Димески долгогодишен џудист, моментално активен џудо ветеран во Прилеп и Америка, со посебно писмено овластување од страна на асоцијацијата.

Во рамките на соработката на Американска џудо  ранг асоцијација со Дан комисијата при Џудо федерацијата на Македонија во втората половина од 2022 година е најавена работна посета од нивна страна во нашата држава со една цел – унапредување на македонското џудо во делот од стручното оспособување за повисоки дан -степени појаси“, велат од Дан комисијата.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON