Кикбоксерите освоија куп медали на Балканс бест фајтерс во Ниш (ФОТО)

Македонските кикбоксери собраа 65 медали – 20 златни, 21 сребрен и 24 бронзени на Меѓународниот кик бокс турнир „Балканс бест фајтерс 6“ во Ниш, Србија на кој настапуваат кикбоксери од повеќе македонски клубови.

-Тим Зоран освои пехар за најдобри на татами
-Туркер Исмаил – пехар за најдобар кадет
-Марија Јанева – пехар за најдобра сениорка на татами
-Славчо Арсов – најдобар сениор на татами

-Мартин Илков – пехар за најдобар јуниор во кик лајт
-Ристе Чавков – пехар за најдобар помлад кадет во кик лајт
-Драган Пандев – пехар за најдобар кадет
-Александар Арапов – пехар за најдовар помлад кадет

Медалите по клубови ги освоија:

Гладијатор – Неготино – 3 (1-1-1)
Гладијатор-Скопје – 2 (2-0-0)
Будо-Квадарци – 5 (3-1-1)
Будо-Велес – 3 (0-0-3)
Гладијатор-Штип – 6 (1-2-3)
Лидер – 4 (3-0-1)
Максам тим – 5 (1-1-3)
Работнички Адора- 10 (1-4-5)
Шампион – 8 (2-5-1)
Куманово 2006 – 1 (0-0-1)
Мај тај комбат – 1 (0-0-1)
Тим Зоран – 13 (5-6-2)
Тетова – 4 (1-1-2)

На турнирот настапија 275 натпреварувачи со 285 влезови од 66 клуба од Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора, Хрватска, Србија и Бугарија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО