Емил Павлов денес се бори за историја на македонското карате

Денес Емил Павлов се бори за златниот медал на Светското карате првенство во Дубаи. Во еден од најголемите мечеви за македонското карате Павлов се среќава со олимпискиот првак Стивен Дакоста од Франција.

Емил е двократен европски првак (Тампере 2014 и Нови Сад 2018 година) и двапати го освојуваше бронзениот медал (Монпелје 2016 и Гвадалахара 2019). Павлов е освојувач и на бронзен медал од Европските игри 2015 во Баку, Азербејџан.

Финалната борба на Павлов е во 18 часот по времето во Дубаи, односно во 15 часот по македонско време.

Резултати Светско првенство 2021 – Дубаи:

-67 кг
Емил Павлов – Матеј Хомола (Словачка) 4-3
Емил Павлов – Садридин Сајматов (Узбекистан) 3-0
Емил Павлов – Абдалах Хамат (Јордан) 3-1
Емил Павлов – Али Елксави (Египет) 4-1
Емил Павлов – Мартиал Тадиси (Унгарија) 3-3
Финале
Емил Павлов – Стивен Дакоста (Франција)

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО